Со двата натпревари одиграни попладнево комплетирано е 3.коло во Првата македонска фудбалска лига, а вонив домаќините стигнаа до трите бода.

Пелистер својот меч против Шкупи, иако го играше во Кавадарци, сепак забележа победа со 2-0.

Двата гола беа постигнати во вториот дел, а стрелци беа Ристиќ во 60-тата и Булатовиќ во 85-тата минута. За битолчани ова беше втората победа по која собраа шест бода, а чаирчани ја впишаа третата нула.

Во Куманово, Башкими го совлада Тиквеш со 3-1. Во првиот дел трипати се тресеа мрежите, но само голот на Алексовски во 36.минута за водство на домаќините беше регуларен.

Само што почна вториот дел (47) Симоновски зголеми на 2-0. Надежта на кавадарчани за миг ја врати Мишов во 56-тата минута. Сепак, победата (втора за Башкими сезонава) ја потврди Алексовски во 78-мата минута за конечни 3-1.

Фудбалските возбудувања во мак-фудбалот продолжуваат утре и задутре со натпреварите од првата рунда во Купот на Македонија.