Ракометарите на Охрид и нивните навивачи се израдуваа на вториот пред сезонски трофеј.

Откако победија на турнирот во Струга тие се радуваа и на домашен терен на турнирот „Крсте Андоновски“.

Во финалето на четвртото издание на меѓународниот турнир, ракометарите на Охрид го совладаа макеоднскиот шампион Еурофарм Пелистер со 21-17.

Третото место место му припадна на хрватскиот вицепрвак Нексе кој со 28-26 беше подобар од макеоднскиот вицешампион Вардар.

Српските екипи Партизан и Динамо Панчево завршија на 5 и 7.место со победите над словенечкиот Тримо Требње, односно Киндал од Фарските Острови.

За најдобар играч „МВП“ на турнирот беше прогласен ракометарот на Анте Иванковиќ, додека најдобар стрелец беше Лазар Анѓелковиќ од Партизан со 26 голови.