Со натпреварот одигран попладнево во Струмица, комплетирано е 2.коло во ПМФЛ. Во него битолски Пелистер славеше со 2-1 над АП Брера.
Оваа е прва победа за битолчани на овој стадион по седум години .
Во првиот дел немаше голови, но во вториот екипите се разиграа. Гостите први го отворија резултатот со голот пенал кој успешна го реализира Ивановски. Само неколку минути Пелистер поведе и со 2-0 кога Бошковски одлично се снајде предговор на домаќините. Струмичани сепак немаа намера да се предадат и со неколкуте замени го сменија ритамот во игра. Ги врати прекрасниот гол на Антовски околу триесетина метри, но сепак нема сили да го избегнат поразот, па пелистерци се израдува на победата од 1-2.
Во ова коло на сите пет одиграни натпревари се радуваа гостинските екипи, а гостински бодови без одигран натпревар впиша и екипата на Силекс.
Головите не само од овој, туку и останатите натпревари може да ги видите во Прегледот на колото.




































