Трет пораз на машката кошаркарска селекција на Македонија во прет-квалификациите за Светското првенство 2027 година.
На гостувањето во Ородеа, македонските кошаркари се совладани од Романија со 66-79.
Во воведните пет минути се играше рамноправно, а резултатот беше израмнет 11-11, по што следуваше серија на Романците од 11-2, за највисока предност 22-13. Периодот домашниот тим го доби со +7 (26-19).
Иако на средината на втората четвртина, заостанувањето на црвено-жолтото беше 1-2 поени, сепак во финишот Романците пак се одлепија. Направија серија од шест поени и на одмор заминаа со +11 (45-34).
Во вториот дел нашите кошаркари не успеаја да ја наметнат својата игра. Противникот ја одржуваше двоцифрената предност ало неколку наврати имаше и плус 14. На крајот на тој квартал Романија заврши со предност од 10 поени. Во последниот квартал, македонските кошаркари дојдоа до само 3 поени негатива (64-61 и 69-66). Сепак, немаа сили црвено-жолтите за комплетен пресврт, па на крајот Романците се радуваа на третата победа, а ние го претрпевме третиот пораз.
Џејкоб Вајли и на овој натпревар беше убедливо најдобриот македонски репрезентативец. Американецот со македонски пасош натпреварот го заврши со дабл-дабл ефект со 19 поени, 9 скокови, на кои додаде и 5 асистенции.
Следниот, воедно последен, натпревар, македонските кошаркари ќе го играат во Куманово на 20 август против Унгарија.