Екипата на Вардар со убедлива победа над Пелистер ја почна новата сезона во Првата фудбалска македонска лига. 

Во таборот на црвено-црните, очекуваат сезонава да бидат меѓу тимовите што ќе се борат за трофејот. За тоа секако ќе биде потребна и поддршка од трибините, од нивните верни навивачи „Комитите“. 

Од клубот, денеска информираа дека се одредени цените за картите за натпреварите што Вардар ќе ги игра на домашен терен. 

„На последната редовна седница на одборот на директори на АД ФК Вардар донесена е одлука:
Цената на билетите за сите натпревари кои ФК Вардар ќе ги игра на домашен терен до крајот на сезоната 2025/26, да биде за југ 200, и исток 100 денари“, стои во соопштението на клубот.

Следниот домашен натпревар, вардарци ќе го игеаат против АЛ Брера на 23 август, а во петок (15 август) му гостуваат на новајлијата Аресими. 

Следете нé на социјалните мрежи