Четиридневната програма од премиерното коло во новата сезона на ПМФЛ завршува денеска.
Со натпреварот во Кратово каде Силекс ќе ја пречека струмичка АП Брера ќе биде комплетирано првото коло.
Минатогодишниот вицепрвак Силекс одамна е во натпреварувачка форма, иако имаше мала пауза. Кратовци одиграа два квалификациски натпревари во Конференциската лига, но не успеаја да минат во втората рунда. Избраниците на Александар Васоски на реваншот со црногорскиот Дечиќ покажаа дека се компактна екипа, која знае што сака. И во новата сезона Силекс се вбројува меѓу конкурентите за највисок пласман, па затоа е и фаворит на денешниот дуел.
Од друга страна пак, струмичка АП Брера со младиот состав и сезонава ја чека тешка тешка битка за опстанок. Секој освоен бод за струмичани на гостински терен ќе биде „злато вреден“.
Како ќе изгледа играта на двата тима останува да видиме во денешниот натпревар што ќе почне до 17.30 часот. Делот ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ и низ директен тв пренос на МРТ3.
▶️🔴 ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО




































