Македонската кадетска репрезентација одигра натпревар против репрезентацијата на Турција на Европското првенство во Црна Гора, за ракометарки до 17 години.
Македонија ја победи Турција со 30:27, во возбудлив и неизвесен меч исполнет со многу борба и енергија.Натпреварот започна израмнето, со борбена игра од двете страни.
Ниту една репрезентација не успеа да се одлепи резултатски во првите минути. Во 15-тата минута Турција поведе со 9:7, но нашите ракометарки брзо реагираа и успеаја да израмнат на 10:10.До крајот на првото полувреме се водеше изедначена битка, без значајна разлика во резултатот. Па заминаа на одмор со нерешен резултат – 14:14.
Во второто полувреме Турција започна подобро и со серија од три гола поведе со 17:14. Сепак, македонската селекција не се откажа и во 36-тата минута повторно изедначи на 17:17. Натпреварот продолжи во исто темпо се играше гол за гол. Македонија во 49-тата минута со серија од 2-0 успеа за прв пат да поведе со 26:23. Нашите кадетки успешно ја одржуваа оваа минимална предност до самиот крај на натпреварот. Па успеаја да триумфираат со конечни 30:27.
Најефикасни од нашата репрезентација беа Беровиќ со осум и Лашкоска со седум погодоци.
Ивона Кимовска





































