Настап не меѓународната сцена има и женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија.
Во Подгорица, Црна Гора, каде се одржува Европското првенство за ракометарки до 17 години, Македонија денеска го игра третиот натпревар.
Во рамките од 3.коло на Б групата избраничките на селекторката Даниела Новевска, за противник ја имаат селекцијата на Португалија.
Ова е дуел на двете селекции кои досега не освоија ниту еден бод, па онаа која ќе биде поуспешна, во втората рунда ќе пренесе два.
Која репрезентација ќе биде тоа останува да видиме по мечот што ќе почне во 19.30 часот.
Ивона Кимовска




































