Марија Петреска го продолжи договорот со ЖРК Куманово и ќе биде дел од тимот и во новата сезона. По успешното издание минатата година, таа одлучи да ја продолжи соработката со клубот и да даде придонес во остварувањето на новите цели.
Куманово продолжува со темелна работа на стабилизирање на играчкиот кадар, задржувајќи го костурот од минатата сезона.
Договорите веќе ги продолжија и Мила Мемов, Ангела Шехтанска, Росана Павлова, Нена Нестороска и Никита Антевска – потег што ја потврдува намерата на клубот да обезбеди континуитет и стабилност.
Покрај продолжувањето на соработката со клучните ракометарки, Куманово се засили и на голманската позиција, ангажирајќи ги Симона Грујовска и Ана Марија Горговска.
Дополнително, клубот веќе ги официјализира и странските засилувања кои ќе донесат нов квалитет и конкуренција во надворешната линија. Тоа се, португалскиот среден бек Маријана Азеведо и бразилскиот десен бек Аманда Стајн,
Ивона Кимовска
 
             
		