Женската кадетска репрезентација на Македонија со натпревар против силната селекција на Германија го започна настапот на Европското првенство за ракометарки до 17 години
Македонските кадетската со 31:18 беа поразени од Германија во натпревар од право коло, на првенството што се одржува во Црна Гора.
Натпреварот започна тешко за нашите млади ракометарки – Германките отворија со серија од 4:0. Нашите девојки брзо се вратија во игра и со своја серија од четири гола изедначија на 4:4. Сепак, до 14-тата минута Германија повторно го презеде водството и ја зголеми предноста на 9:4. И покрај обидите да се вратат во игра, противничките беа подобри и во 26-тата минута веќе водеа со убедливи 16:6, а на полувреме заминаа со двоцифрена предност 18:8.
Во второто полувреме Германија продолжи во ист ритам и без поголеми проблеми ја контролираше играта. Нашите ракометарки покажаа желба и борбеност, но не успеаја да се вратат во натпреварот. Во 46-тата минута Германија имаше предност од +12 (25:13), а до самиот крај ја задржа стабилната игра и заслужено победи со 31:18
Најефикасна од нашата репрезентација беше Беровиќ Таида со четири гола.
Утре нашата репрезентација ќе се сретне со Словачка од 14:30, додека на 2 август ќе се одигра дуелот со Португалија од 19:30 часот.
Ивона Кимовска