Македонската кадетска репрезентација (до 17 години) е подготвена за нов предизвик настап на Европското првенство кое ќе се одржи во Црна Гора.
Избраничките на Даниела Новеска се дел од силна група заедно со селекциите на Германија, Словачка и Португалија.
Првиот натпревар нашите кадетки ќе го одиграат против Германија на 30 јули со почеток во 19:30 часот. Веќе следниот ден, на 31 јули од 14:30 часот, ќе се соочат со Словачка, а групната фаза ќе ја затворат на 2 август во вечерниот термин (19:30) против Португалија.
Во рамки на подготовките за шампионатот, кадетската селекција учествуваше и на ЕМОФ – Европскиот младински олимписки фестивал, каде имаше можност да се наметне против силни европски ривали и да стекне драгоцено меѓународно искуство.
Со борбеност и тимски дух, македонските ракометарки ќе се обидат да се наметнат на меѓународната сцена и да остават силен впечаток на шампионатот.
Ивона Кимовска




































