Ракометниот клуб Куманово активно го комплетира составот за новата сезона во женската лига, со цел да остане конкурентен на домашната сцена и за настапите на меѓународната сцена.
Новото име меѓу стативите е Ана Марија Горговска, која ќе го засили голманскиот тандем и ќе делува заедно со искусната Јасна Трајковиќ.
Во меѓувреме, тимот го задржа костурот од минатата сезона – договорите ги продолжија Мила Мемов, Ангела Шехтанска, Росана Павлова, Нена Нестороска и Никита Антевска, што е јасен сигнал за стабилност и континуитет.
Куманово веќе донесе и две интернационални засилувања: Португалката Маријана Азеведо на позицијата среден бек и Бразилката Аманда Стеин на десен бек, со што значително ја зголеми конкуренцијата во надворешната линија.
Ивона Кимовск