Астибо продолжува со темпото на засилувања пред стартот на новата сезона. Клубот активно го комплетира „ростерот“ со нови имиња и продолжени соработки, со јасна цел за поконкурентни настапи на домашната сцена.

Во тимот пристигнуваат четири нови ракометарки: бековите Климентина Ѓурческа и Мила Филипова, кружниот напаѓач Марија Бојковска и крилото Ангела Петровска. Ѓурческа и Бојковска доаѓаат од екипата на Скопје, додека Филипова и Петровска претходно настапуваа за Шампион.

Клубот успеа да го продолжи договорот и со Елена Димова како и искусната Марија Анчева која минатата сезона имаше клучна улога во тимот.

На голманската позиција, претходно пристигна Кристина Младеновска Кузмановска од Овче Поле Славјански Универзитет, а воедно потпиша и Хани Чобанова од школата на Металург.

Ивона Кимовска