По успешното враќање на европската сцена и минатото прво квалификациско коло за Конференциската лига тимот на Вардар доби протиувици по мерка и за евентуалната трета рунда.

Во првата вардарци го елиминираа тимот на Ла Фиорита од Сан Марино, па сега ги чека двомеч против швајцарскиот тим Лозана.

Првиот натпревар е во четврток (24 јули) во Скопје, а реваншот ќе се одигра на 31 јули во Швајцарија.

Управата вети премија од 100.000 евра за пласман понатаму, а денешната ждрепката го одреди и следниот потенцијален противник. Тоа ќе биде победникот од дуелите меѓу Зимбру од Молдавија и Астана од Казахстан.

Првите натпревари од оваа фаза се предвидени за 7 август, а реваншите на 14 август.

Следете нé на социјалните мрежи