Женската младинска репрезентација на Македонија за ракометарки до 20 години го претрпе и петтиот пораз на Европскиот шампионат.

Во претпоследниот натпревар од првенството што се одржува во Подгорица, избраничките на селекторот Симе Симевски загубија од Португалија со 28-29.

Во најголемиот дел од натпревар, Македонија имаше предност, а најголемото водство од 4 гола беше на средината на првиот дел. Сепак на паузата напите младински заминаа со +2 (13-11).

Така беше се до средината на второто полувреме. Водеше Македонија со три разлика (21-18), а потоа невиден пад во играта. Португалките прво направија серија од пет гола и го презедоа водството (21-22). Потоа следуваше уште една од четири гола за најголеми за нив +4 (22-26). И тука веќе беше јасно дена напите младинки го губат и овој меч, петти пораз на шесте одиграни натпревари.

Така за напите млади ракометарки останува да го избегнат последното место на првенството и тоа во дуелот со Литванија. Тоа е единствената селекција против која напите ракометарки останаа не поразени играјќи нерешено (29-29). Натпревари ќе се игра во недела од 12 часот.

Следете нé на социјалните мрежи