Младинската женска репрезентација на Македонија за ракометарки до 19 години претрпе нов пораз на Европскиот шампионат во Подгорица.
Избраничките на селекторот Симе Симевски се поразен од Швајцарија со 33-23, во натпреварот од разигрувањето за пласман од 17 до 24 место.
Освен почетните 1-0 за Македонија, се останато резултатски и играчки, мина во знакот на противничките. Швајцарките брзо создадоа двој предност и поведоа сои 10-5. На полувремето швајцарската селекција замина со седум голови предност (17-10).
Ништо драстично не се промени ниту во второто полувреме, па македонските младински го впишаа петтиот пораз на шампионатот.
Сега, за нашата селекција останува Борба за бегство од дното на табелата, односно за пласман од 21 до 24 место во конечниот поредок. Противник на македонските младинки ќе биде поразената селекција од дуелот Словенија – Португалија.




































