Три од четирите женски ракометни екипи што ќе ја преставуваат Македонија во ЕХФ Европскиот куп ги дознаа своите противници.
Тимот на Металург Автокоманда за ривал во второто коло од квалификациите за противник го доби составот на Диферданж од Луксембург. Првиот натпревар ќе се игра во Автокоманда, а вториот на гостински терен.
Составот на Чаир кој лани играше во осминафиналето, сега ќе има тешка задача. Чаирчанки немаа многу среќа па за противник ја добија екипата на Ајдовшчина. Првиот натпревар ќе се игра во Словенија, а реваншот во Скопје.
На гостински терен во Литванија ќе починат и ракометарките на Куманово кои за противник ја добија екипата на Каскада Гарилава.
Натпреварите од второто коло ќе се играат на 27/28 септември, реваншите на 4/5 октомври.
Македонскиот шампион Ѓорче Петров ќе стартува од третата рунда.
 
             
		