Женската репрезентација на Македонија за ракометарки до 19 години пропушти голема можност да се израдува на првата победа на Европското првенство, што се одржува во Црна Гора
Во првиот меч од разигрувањето за пласман од 12 до 24 место, Македонија денеска одигра „реми“ 29-29 со Литванија.
Избраничките на селекторот Симе Симевски одиграа лошо прво полувреме во кое само на почетокот имаа водство од 1-0 и 2-1. Во продолжението Литванките беа оние кои ја наметнаа својата играа. Во два наврати противничките имаа и шест голови предност, а на полувремето заминаа со плус пет (12-17).
Во вториот дел сосема поинаква слика на теренот и поборбена Македонија.
Нашите ракометарки успеаја да ја надополнат негативата и во 41.м,инута за прв пат да израмнат (19-19). Противничките потоа врзаа три гола и потпорно ја презедоа контролата на резултатот (19-22). Но тоа не ги поколеба нашите ракометарки кои го надополнија и тоа, па во финишот и победа. Имаа црвено-жолтите три водства од гол предност, но за жал не успеаја да го сочуваат и да се израдуваат на првата победа. Конечниот резултат на крајот гласеше 29-29.
Исидора Котевска со 9 голови беше најефикасната ракометарка на Македонија, додека два помалку (7) постигна Леона Миленкоска.
Веќе утре нашите млади ракометарки ги чека вториот натпервар до „Ј“ групата против селекцијата на Исланд, кој денескја загуби од Полска.
Исланѓанките имаат два бода, а Македонија 1, па меѓусебниот дуел ќе решава за 2.место што води во разигрувањето за повисок пласман.