Новиот формат на Светското клупско првенство донесе фудбалско шоу, но и финансиска „експлозија“. ФИФА подели околу 856 милиони евра меѓу најдобрите клубови на планетата. Од таа сума, 450 милиони беа наменети за учество, а 406 милиони распределени според резултатите.
За учество, тимовите од Европа добија различни суми – од 11 до 33 милиони евра – според систем на пондерирање кој ги зема предвид спортските успеси и комерцијалната моќ.
Останатите континенти добија фиксни износи: Јужна Америка – 12,8 милиони, Азија, Африка, Северна и Централна Америка – 7,9 милиони и Океанија – 3 милиони евра.
Разбирливо, новиот светски првак англискиот Челзи заработил најмногу, речиси 100 милиони евра, десет повеќе од финалистот ПСЖ. Екипата на Оукленд ќе инкасира 3,8 милиони евра што е повеќе од нивната вкупна минатогодишна заработка.
ФИФА не ги потврди точните вредности за секој европски клуб, па проценките ги презентира „Swiss Ramble“ користејќи го коефициентниот систем на УЕФА.
Клубска заработка
- Челзи – 97 милиони €
- ПСЖ – 90
- Реал Мадрид – 76,8
- Флуминенсе – 58
- Баерн Минхен – 49
- Борусија Дортмунд – 44,3
- Манчестер Сити – 43,6
- Палмеирас – 33,6
- Интер – 30
- Ал Хилал и Бенфика – 28,8
- Јувентус – 22,6
- Порто – 20,3
- Атлетико Мадрид – 20
- Монтереј и Интер Мајами – 17,9
- Ривер Плата – 15,3
- Бока Јуниорс – 14,5
- Салцбург – 9,8
- ЛА ФК – 8,8
- Пачука, Вајдад, Услан, Урава, Сиетл Саундерс – 7,9
- Окленд – 3,8





































