Женската репрезентација на Македонија го претрпе и третиот убедлив пораз на Европското првенства за ракометарки до 19 години.

Во Подгорица, во натпревар од последното, трето коло во А групата, Македонија е поразена од Чешка со 41:24.

И пред самиот натпревар чешките ракометарки важеа за апсолутни фаворитки, а до својата трета победа на шампионатот стигнаа на убедлив начин. Во ниту еден момент, избраничките на селекторот Симе Сименски не успеаја да им парираат на противничките. Тие брзо направија убедлива предност од осум гола (9-1), а со тоа само ја потврдија фаворитската улога.

Со трите пораз македонските ракометарки завршија како последно пласирани, без бодови, а и така ќе ја полнат втората фаза во разигрувањето за пласман од 12 до 24 место.

Следете нé на социјалните мрежи