Европскиот шампион Париз Сен Жермен е вториот финалист на Светското клупско првенство, што се одржува во САД.

„Светците“ во полуфиналето го надиграа мадридски Реал со 4-0 и закажаа финале со англискиот Челзи.

Уште во раната фаза на натпреварот ПСЃ постигна два гола со што ја најави победата. Фабиан Руиз во 6.минута со својот прв гол на мечот го отвори резултатот. Само три минути подоцна Усама Дембеле зголеми на 2-0.

Немоќта на Реал, со вториот свој гол ја казни Рузи во 38.минута за 3-0. Последниот гол беше постигнат во самиот финиш (87), а стрелец беше Гонсало Рамос.

По својата прва европска титула, ПСЖ сега ќе има можност да стигне до светската шампионската титула. На патот до трофејот на парижаните ќе им стои Челзи, во финалето закажано за во недела од 21 часот.