Младата женска репрезентација на Mакедонија за ракометарки до 19 години, денеска го почнува настапот на Европскиот шампионат.
Избраничките на селекторот Симе Симевски ќе се натпреваруваат во Подгорица, во рамките од А групата. Таму редоследно ќе играат против: Унгарија, Полска и Чешка.
Во првиот меч закажан за денеска, македонските ракометарки ќе играат против бранителот на трофејот од пред две години репрезентација на Унгарија. И оваа генерација на унгарски ракометарки важи за фаворит не само во групата, туку и за највисок пласман Натпревар ќе се игра во терминот од 19.30 часот
Утре во 2.коло, во попладневниот термин од 14.30 часот, македонските младинки за противнички ќе ги имаат врсничките од Полска. Петок е слободниот ден, а во сабота црвено-жолтите ќе го одиграат и последниот, трет, натпревар во групната фаза. Противник ќе биде селекцијата на Чешка во мечот што ќе се игра во терминот од 19.30 часот.
Директен пласман во главната фаза ќе обезбедат првопласираните селекции од шесте групи, како и двете најдобри второпласирани (по една од групите А, Б и Ц и еден од групите Д, Е и Ф).




































