Вкупно шест македонски екипи, следната сезона ќе ја преставуваат Македонија на европската ракометна сцена.
По Еурофарм Пелистер во Лигата на шампиони, Вардар и Алкалоид во Европската лига, Тиквеш, Охрид и Бутел ќе играат во Европскиот куп.
Ова денеска е потврдено од ЕХФ која ги објави имињата на тимовите кои ќе настапуваат во третото по квалитет европско натпреварување.
Благодарени на освоениот трофеј во Европскиот куп на Алкалоид, за Македонија се отвори уште едно месо во Европскиот куп. Од тоа профитира Бутел кој дови вајл-карта и ќе стартува во првото квалификациско коло. Екипите на Охрид и кавадаречки Тиквеш ќе полнат во втората рунда од квалификациите.
Ждрепките за првата и втората рунда ќе се одржат на 15 јули. Бутел односно 1.коло ќе игра на 6/7 односно 13/14 септември, додека натпреварите од второто на програмата на 11/12 октомври, а реваншите седум дена подоцна (18/19 октомври).





































