Меѓу бројните одлуки што го донесе У.О. на ФФМ на денешната своја седница се и измените и дополнувањата на Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери.

Со оваа одлука младите фудбалери ќе имаат можност да настапуваат за својата возрасна категорија, а истовремено за сениорската екипа.

Измената се однесува на можноста клубовите од Прва и Втора МФЛ, кои имаат склучено професионален договор со фудбалер, кои согласно својата возраст може да настапува и за младинци, да може и по склучување на професионалниот договор да настапува и во екипата на клубот во младинци;

ФФМ ги усвои пропозициите за натпреварување во трите лига како и Куп натпреварите за сезоната 2025/26;

  • Воедно усвоени се предложените измени и дополнувања на Правилникот за натпреварување на ФФМ.

Емил Божиновски е именуван за нов претседател на Судискиот одбор, на местото на Александар Ставрев. Јосип Бартон е назначен за член на Судискиот одбор на местото на Дејан Костадинов.