Десното крило Росана Павлова потпиша нов договор и ќе продолжи да игра во тимот на Куманово најмалку до следното лето.
Павлова минатата сезона пристигна во Куманово од екипата на Скопје и веднаш се наметна како важен дел од тимот, прикажувајќи одлични настапи во текот на целата сезона.
Претходно клубот ги продолжи соработките со Нена Нестороска и Никита Антевска, а се засили и со португалската ракометарка Маријана Азеведо и бразилската Аманда Стаин.
Од тимот на Куманово си заминаа Ана Михајловска, која ќе игра за Вардар, и голманката Марија Јовановска, која премина во редовите на актуелниот шампион Ѓорче Петров.
Куманово активно се подготвува за новата сезона, во која ќе дебитира и на европската сцена – голем исчекор за клубот и потврда за напредокот во последните сезони.
Ивона Кимовска


































