Португалскиот репрезентативец и играч на Ливерпул, Диого Жота, загина во сообраќајна несреќа што се случи во шпанската покраина Замора.
Несреќата се случила на 65-тиот километар од автопатот А-52 ,кога автомобилот во кој се наоѓале Диого и неговиот брат, излетал од патот, се запалил и немало начин да им се помогне.
Жота ја започна својата кариера во Гондомар, од каде што се пресели во Пакос Фереира, каде што ги имаше своите први настапи во сениорскиот фудбал.
Набрзо тој потпиша договор со Атлетико Мадрид, но не играше таму, а беше позајмен на Порто и Вулверхемптон, кои на крајот го откупија неговиот договор.
Одличните настапи во дресот на Вулверхемптон го привлекоа интересот на Јирген Клоп. Германецот го донесе Жота во Ливерпул во 2020 година, а во дресот на „Црвените“ тој одигра вкупно 182 натпревари и постигна 65 голови.
Тој одигра 49 натпревари за португалската репрезентација и постигна 14 гола. Неговиот последен гол за репрезентацијата беше постигнат во пријателскиот натпревар против Хрватска во пресрет на последното Европско првенство, кога Хрватска победи со 2-1.





































