Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ лесно ја мина втората пречка на Гренд слемот Вимблдон.
Во мечот од 2.коло, штоп траеше109 минути, Србинот убедливо во три сета го победи домашниот тенисер, Дан Еванс.
Најголем отпор, ако може така да се каже, Британецот пружи во првиот сет во кој освои три гема (6:3). Во вториот Еванс освои еден помалку (6-2). Во третиот Ѓоковиќ на противникот не му дозволи да освои ниту еден гем (6-0).
Во следното, трето коло, Ѓоковиќ за противник ќе го има сонародникот Миомир Кецмановиќ кој со 3:1 го победи Холанѓанецот, Де Јонг.
Од носителите попладнево настап ќе има првиот Јаник Синер кој за противник го има Александар Вукиќ (Австралија), како и четвртиот Џек Дрејпер (Британија) кој ќе игра против Хрватот, Марио Чилиќ.

 
             
		