Шпанецот, Марк Маркез ја продолжува својата доминација во Мото ГП шампионатот.

Повеќекратниот првак, ја оствари Асен, Холандија шестата победа сезонава во 10-тата трка возена за Големата награда на Холандија.

Возачот на Дукати, кој стартуваше од пол-позицијата, од самиот старт, па се до крајот ја имаше првата позиција.

Со него на пиедесталот се искачија Итаијанците, Марко Безеки од тимот на Априлија Рејсинг, а трет беше Италијанецот, Франческо Бањаја на Дукати.

Марк е убедливо прво во Генералниот поредок сега со 282 бодови. Тој има дури 43 повеќе од својот брат Алекс Маркез кој денеска не ја заврши трката.

Следната трка во Мото ГП ќе се вози на 13 јули кога на програмата е германското Гранд при.