Во монголскиот град Улан Батор, се игра Светскиот куп во „баскет“ 3х3. Денеска ќе го дознаеме новиот шампион, откако актуелниот Србија е елиминирана во полуфиналето.

За тоа се погрижија Швајцарците кои играат фантастичен турнир. Поранешниот македонски кошаркар, Ервин Цого во улога на селектор, ја одведе оваа селекција до финалето.

ФОТО: ФИБА 3Х3

Швајцарците во полуфиналето ја совладаа селекцијата на Србија, која беше актуелен шампион, убедливо со 21-11. Она што не му успеа како играч, Цого го стори како селектор. Тој пред неколку години беше и активен во овој спорт, а беше и прогласен за најдобар македонски играч во 3х3.

Сега Цого и Швајцарците ги чека дуелот за златниот медал и шампионскиот трофеј. А, за него тие ќе се борат со Шпанија која во второто полуфинале ја победи Германија со 21-15.

Финалниот меч е закажан за 14.35 часот, а може да го гледате во живо овде.