По многу драма, продолженија, одложување на натпревар од дури 2 часа, се одиграа првите два осминафинални дуели на Светското клупско првенство.

По нив познат е и првиот пар за четвртфиналето. Англискиот Челзи и бразилскиот Палмеирас ќе играат меѓусебно за влез во полуфиналето.

Дуелот одигран во Шарлот, траеше повеќе од четири часа. Челзи со 4:1 по продолженијата ја победи Бенфика. Натпревар најмногу ќе се памети по прекинот во 87-та минута поради бура во областа Шарлот. Челзи водеше со 1:0 и веќе се гледаше во следната фаза кога натпреварот беше прекинат. А, по паузата од два часа, Бенфика израмни и се избори за продолжение.

Сепак правдата беше на некој начин задоволено, бидејќи сините од Лондон во дополнителните 30.минути постигнаа три гола.

И противникот на Челзи во четвртфиналето Палмеирас мораше игра продолженија.

Во бразилското дерби Палмеирас го совлада Ботафого со 1-0. Стрелец на победоносниот гол за Палмеирас беше Паулињо во 100.та минута.