Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ги дознае ривалите за новата сезона во Лигата на шампоните.
Пелистерци кои трета година во низа ќе ја претставуваат Македонија во елитното ракометно клупско натпреварување, беа извлечени од третиот квалитативен сад.
Македонскиот шампион, ќе биде дел од Б групата. Таму за противници ќе ги има, актуелниот европски првак, германскиот Магдебурег, шпанската Барселона, францускиот ПСЖ. Тоа секако се фаворитите за највисок пласман, но тука се и: Висла Плоцк (Полска), ГОГ (Данска) и Пик Сегед (Унгарија) и Загреб (Хрватска).
Во групата А ќе играат: Фуксе Берлин, Алборг, Веспрем, Нант, Кјелце, Динамо Букурешт, Спортинг Лисабон, и Колстад.
Сезоната ќе стартува на 10 и 11 септември 2025 година.
Екипите како и досега се поделени во две групи, во кои ќе се играат 14 кола (дома и гости).
Двете првопласирани од групите ќе обезбедат директен пласман во четвртфиналето, а оние од 3 до 6 место ќе играат во првата нокаут фаза односно осминафиналето.
 
             
		