Македонската младинска репрезентација на Македонија попладнево ќе го игра претпоследниот натпревар на Светското првенство за ракометари до 21 година.

Иако очекувањата беа да се бориме за висок пласман, сепак македонските младински ќе разигруваат за пласман на 25 место во конечниот поредок на Мундијалот во Полска, што брои вкупно 32 репрезентации.

Денешен ривал е селекцијата на САД, која досега оствари само две победи на шесте одиграни натпревари, исто како и нашата репрезентација.

Дуелот Македонија – САД ќе се игра во терминот од 18.30 часот, a ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.