Македонската младинска репрезентација на Македонија попладнево ќе го игра претпоследниот натпревар на Светското првенство за ракометари до 21 година.
Иако очекувањата беа да се бориме за висок пласман, сепак македонските младински сега разигруваат за пласман од 25 до 28 место на Мундијалот во Полска.
Денешен ривал е селекцијата на Бразил, која досега ги загуби четири од петте одиграни натпревари, како и нашата селекција.
Дуелот Макеоднија – Бразил ќе се игра во терминот од 16.15 часот, a ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.
Победникот од овој меч ќе разигрува за 25-тата позиција во поредокот со подобриот од мечот САД – Бахреин. Поразените ќе се борат за 27-мата позиција на Мундијалот.