Фудбалерите на Бенфика конечно стави крај на неславната традиција од 13 натпревари без победа против Баерн Минхен.
Тие вечерва во последното коло од Ц групата на Светското клупско првенство го совладаа германскиот шампион со 1-0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Норвежанецот, Андреас Шјелдеруп во 16-тата минута.
Триумфот не само што ги испрати Португалците директно во осминафиналето, туку и им го донесе и првото место во групата.
Португалскиот тим во осминафиналето ќе игра против второпласираниот од Групата Д, а тоа многу веројатно ќе биде Челси, додека Баерн ќе има далеку потешка задача против Фламенго, шампионот на Јужна Америка.





































