Фудбалерите на Манчестер Сити беа расположени во дуелот против Ал-Аин, на Светското клупско првенство што се одржува во САД. Популарните „Граѓани“, славеа убедливо со 6:0, а двајца играчи постигнаа по два гола.

Илкај Гундоган му донесе водство на Сити уште во осмата минута. Клаудио Ечевери во 27.минута со прекрасен слободен удар зголеми на 2:0. Длабоко во судиското продолжение на првото полувреме, Ерлинг Халанд мирно реализираше пенал и го постигна третиот гол.

Гундоган повторно се запиша во листата на стрелци во 73-тата минута. Оскар Боб постигна гол за 5:0 во 84-тата минута, а Рајан Черки го заврши резултатот со удар надвор од шеснаесетникот во 89-тата минута.

Во Групата Г, Манчестер Сити и Јувентус имаат по шест бода и ќе играат меѓусебно за првото место, додека Видад и Ал-Аин имаат два порази.