Македонската младинска машка селекција на Македонија го претрпе третиот пораз на Светското првенство за ракометари до 21 година.
Избраниците на селекторот Стојановиќ се поразени од врсниците од Исланд со 34-28. Противникот од самиот старт ја контролираше играта и резултатот. Младите ракометари на Исланд на половина од првиот дел имаа и најголеми пет поени разлика. Нашите младинци успеаја да анулираа четири од негативата, па на пауза да заминат со еден минус 14-15.
И во вториот дел иста слика. Исланд повторно брзо дојде до +5. Предноста противникот ја зголемуваше, а македонските „таленти“ тешко успеваа да го ублажат неминовниот пораз.
Шансите за добар пласман на Мундијалот ги загубивме и пред овој меч, по поразите од Фарските Острови и Романија.
Сега на македонските младинци им останува да разигрува за пласман од 17 до 32 место против Мароко и Мексико.
 
             
		