Машката младинска селекција на Македонија, денеска ќе го игра третиот натпревар на Светското првенство за ракометари до 21 година.

Македонските младинци против Исланд ќе атакуваат на првата победа.

Откако претходните два меча ги загубија од Фарските острови и Романија, нашите младинци, ги загубија и шансите за пласман во главната рунда на првенството. Така по овој меч за избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ останува да разигрува за пласман од 17 до 32 место. 

Денешниот дуел против Исланд, македонските ракометни надежи ќе го играат во терминот од 14 часот. Натпреварот може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

Следете нé на социјалните мрежи