Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, го усвои календарот за натпреварувачката сезона 2025/26.
Натпреварите од Прва МФЛ ќе бидат распоредени во текот на три дена од викендите (петок, сабота и недела), Втора МФЛ ќе се игра во сабота, а Куп натпреварувањата во текот на работната недела (вторник, среда или четврток).
Есенскиот дел од Прва МФЛ започнува во викендот на 8 август. Натпревари од 1.коло ќе се играат и на 9 и 10 август.
Есенскиот дел од Втора МФЛ ќе започне 15 дена подоцна односно на 23 август
Во продолжение може комплетниот календар за новата сезона.




































