Јувентус го отвори Светското клупско првенство на импресивен начин. Во Вашингтон италијанскиот тим славеше со убедливи 5-0 против Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати.
Прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме. Муани го отвори резултатот за Ал-Аин во 11.минута, Консеисао погоди за 2-0 десет минути подоцна, а Јилдиз во 31-вата за 3-0. Во судиското продолжение, Муани го постигна својот втор гол, а четвртиот за Јувентус.
На почетокот на второто полувреме (47) голот на Куади за Ал-Аин беше поништен поради офсајд. Затоа пак на другата страна Консеисао го постигна својот втор гол за „петарда“ во мрежата на противник.
Во следната рунда Ал-Аин ќе игра против Манчестер Сити во второто коло, додека Јувентус ќе се соочи со мароканскиот Видад, кој беше поразен од Манчестер Сити со 2-0 во првиот натпревар.
 
             
		