Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис повторно го собори, сопствениот светски рекорд во скок со стап.

На митингот од Дијамантската лига во Стокхолм, Дуплантис на радост на своите сонародници успеа да прескокне границата од 6 метри и 28 сантиметри. Ова беше неговиот 12-ти соборен светски рекорд во кариерата.

Дека е неприкосновен во оваа атлетска дисциплина доволно говори и податокот дека Дуплантис ја победи конкуренцијата, со дури 38 сантиметри повеќе во односно на второ рангираниот.