Младинците на Еурофарм Пелистер го загубија „малото финале“ од Ф4 турнирот во Лигата на шампионите што се игра во Келн. Тие денеска загубија од Барселона со 55:28 (26:14).

Освен почените неколку минути кога резултатот беше изедначен младинците на каталонскиот клуб беа доминантни и успеаја да остварат висока и убедлива победа. Стручниот штаб на битолчани се обидуваше со тајм аути во првиот дел да дојде екипата до игра, но сепак противникот беше на ниво на задачата. Во завршницата за одбележување е дека сите ракометари добија шанса за настап.

Најефикасен кај Е.Пелистер беше Ален Хаџиќ со 10.голови.

Во финалето на младинската Лига на шампионите ќе играат ГОГ Гудме и Веспрем.