Во Индијанаполис се одигра третиот натпревар од финалето на НБА лигата помеѓу Индијана Пејсерс и Оклахома Сити Тандер. Домашниот тим победи со 116:107 и поведе со 2-1 во серијата.

Во текот на целиот натпревар се водеше голема борба, а двата тима имаа свои добри периоди. Во последниот, Пејсерс одиграа многу подобро и го добија со 32:18, со што го „скршија” отпорот на Тендерс.

Бенедикт Матурин ги предводеше домаќините со 27 поени, а Тајрис Халибартон додаде 22 поени, 11 асистенции и девет скока. додека Паскал Сиакам имаше 21 поен .

Најдобар за Тандер беше Џејлен Вилијамс со 26 поени. Шаи Гилгиус-Александар додаде 24 поени и осум скока, а Чет Холмгрен имаше 20 поени и десет скока

Историјата на финалињата им дава предност на Пејсерси. Имено, во претходните 41 финалиња кои завршија нерешено по два натпревари (1-1), победникот од третиот натпревар го освоил трофејот 33 пати, или 80,5 проценти.

И следниот натпревар ќе се игра во Индијанаполис.