Тимот на Оклахома Сити Тандер го доби вториот натпревар од НБА финалето против Индијана Пејсерс.
Тандерс победија убедливо со 123:107 и го израмнија резултатот на 1:1 во серијата подобар до четири победи.
Од самиот почеток па се до крајот домашниот тим ја наметна својата игра. На полувремето, резултатот гласеше 59:41, а во остатокот од натпреварот, домашниот тим рутински го контролираше натпреварот.
Шаи Гилгиус-Александар се истакна со 34 поени, пет скока и осум асистенции, додека Алекс Карусо додаде 20 поени. За Пејсерсите, Тајрис Халибартон постигна 17 поени со шест асистенции, а Мајлс Тарнер додаде 16 поени.
Серијата сега се сели во Индијанаполис каде што се закажани два натпревари, а следниот е во среда кон четврток (2.30 часот).