Осумкратниот светски шампион МАрк Маркез ја забележа четврта победа сезонава во Мото ГП шампионатот.

Шпанецот триумфираше на патеката Моторленд, каде се возеше германското Гранд-при.

Неговиот помлад брат Алекс, кој заостануваше над две секунди го освои второто место, додека Франческо Бањаја заврши трет.

Марк Маркез сега е на врвот на генералниот пласман со 233 поени, 32 повеќе од неговиот помлад брат Алекс, додека Бањаја е трет со 140.

Следната трка од шампионатот Мото ГП е Големата награда на Италија во Муџело од 20 до 22 јуни.