Европската ракометна федерација ја донесе, единствената исправна, одлука за не одиграниот финален меч меѓу Алкалоид – АЕК во Европскиот куп.

Екипата на Алкалоид може да се радува на првата, историска, титула на европската сцена.

Тимот од Автокоманда со службени 10-0 го доби натпреварот, а откако и во првиот беше подобар на теренот на противникот, Алкалоид стана шампион во Европскиот Куп.

Судот одлучи како што следува:

Резултатот од реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп за мажи 2024/25, помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина, е 10:0 голови и 2:0 бодови.

Првиот натпревар заврши со победа на РК Алкалоид од 29:25.

Затоа, РК Алкалоид е победник на Европскиот куп на ЕХФ за мажи 2024/25, вклучувајќи ги сите последици и предности што произлегуваат од оваа титула.

Секоја жалба против овие одлуки нема да има суспензивно дејство.

Одлуката што е во прашање се однесува само на аспектите на случајот поврзани со натпреварувањето. Сè уште се во тек посебни дисциплински постапки во врска со одбивањето да се игра натпреварот, поврзаните штети и распределбата на билетите.

Така тимот на Алкалоид во својата кратка клупска историја заслужено го освои првиот европски трофеј и им се приклучи на Вардар и Кометал Ѓорче Петров.