Триумф на шампионот Еурофарм Пелисфер во дербито во Автокоманда против Алкалоид со 29:23 во дуелот од 8.коло.Битолчани натпреварот го одиграа без капитенот Филип Кузмановски.

Во најголемиот дел од првото полувреме екипите се менуваа во водство кое најчесто беше еден гол разлика. Посериозна предност први создадоа битолчани кои во финишот на првиот дел поведоа со четири разлила 17:13, а на полувреме беше 18:14 за гостите.

На почетокот на вториот дел гостите поведоа и со 5 разлика. Алкалоид намали на 20:21 по што следуваше серија 8-1 за гостите со што ја најавија победата на која и претходеше исклучувањето на тренерот на Алкалоид Кирил Лазаров во 40.минута.

Вардар е лидер со 19 бодови, Е.Пелистер има истотака 19, Алкалоид остана со 11, Охрид има 5 колку и Тиквеш додека Бутел е последен со 2.

Алкалоид следниот натпревар го игра дома против Охрид в петок.

Новиот првак ќе биде познат в сабота кога се игра дербито на 10.коло меѓу Вардар и Е.Пелистер.