Ана Марија Коларовска е најновото име во редовите на Металург Автокоманда.
Станува збор за ракометарка што може да покрие сите бековски позиции и ќе внесе дополнителен квалитет и сигурност во тимот.
Таа доаѓа од тимот на Ѓорче Петров, каде што настапуваше изминатите три сезони и се истакна како една од клучните ракометарки.
Во Европскиот Куп, таа беше лидер на листата на стрелци со 46 погодоци на шест натпревари.
Ана Марија ја започна својата кариера во ЖРК Вардар, по што се пресели во Спартак, каде што играше една сезона .
Коларовска е и дел од македонската женска ракометна репрезентација, со настапи во квалификациите за Европското првенство .
Претходно Металург го засили тимот со крилото Анастасија Никовска, бековите Петра Јерсек и Ива Божиновска.
Ивона Кимовска