МРТ и националните спортски федерации потпишаа договор за соработка

218

Македонската радио телевизија (МРТ), уште еднаш ја потврди својата заложба, за промоција на макеоднскиот спорт.

Имено, денеска во Министерството за спорт, претставниците на МРТ, заедно со Министерот Борко Ристовски и претставници на националните федерации, потпишаа договор за соработка.

,,Станива збор за проект што ќе трае најмалку четири сезони се до 2029 година. Тоа ќе опфати најмалку по 50 натпревари од секој спорт во текот на една сезона. Тоабтреба да ги доближи идните македонски репрезентативци до спортската јавност. 

Воедно како втор дел од соработка предвидено е и опфаќање на младинскиот спорт, со што ќе им се даде мотив повеќе на младите спортисти”, истакна Драган Николовски првиот човек на спортскиот сервис на МРТ3.

На прес-конференцијата ќе присуствуваат: министерот за спорт Борко Ристовски, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, потпретседателот на Македонската кошаркарска федерација, Младен Ѓуроски, раководството на МРТ и спортската програма. 

,,Со самото емитување на натпреварите на националниот сервис, ќе придонесеме, пред се младите спортисти да се почуствуваат повредно. 

Воедно самото присуство на телевизија ќе придонесе и за поголемо привлекување на спонзори како во федерацијата така и во самите клубови”, потенцира министерот Борко Ристовски.