Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ попладнево ќе го играат петтиот натпревар во финалето од плеј-офот.
И овој натпревар, како и претходниот, ќе се игра во СЦ „Кале“ каде тимот од Тафталиџе ја има улогата на домаќин. За
ТФТ денешниот дуел е „се или ништо“. Избраниците на Боро Смилковски ќе мора да слават уште една победа доколку сакаат да ја продожат финалната серија и да се изборат за „мајсторка“.
МЗТ кој води со 2:1 во победи, ја пропушти првата шанса за нов шампионски трофеј. Аеродромци одиграа со големи осцилации во третиот натпревар. Сега имаа нова можност да дојдат до трофејот, што би бил нивни 12-ти првак на Македонија.
Во пресрет на денешниот натпревар од таборот на домашниот тим на ТФТ и информацијата за посетителите.
Навивачите на МЗТ Скопје ќе бидат сместени на јужна трибина, во блокови 5 и 6. Зад клупата на МЗТ нема да биде дозволено присуство на публика. Фановите на МЗТ, како и комерцијалната публика, треба да купуваат билети за јужната трибина – блокови 1, 2, 3 и 4.
Навивачите на ТФТ ќе бидат сместени на северната трибина – блокови 1, 2, 3 и 5. Цената на билетот е 200 денари и ќе се продаваат на влезот. Важат сезонските карти.
Натпреварот меѓу ТФТ и МЗТ Скопје Аеродром ќе почне во 19.30 часот, а ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ и низ директен ТВ пренос на МРТ3 (овде).