Големите ривали во македонскиот ракометот попладнево во Охрид ќе решаваат во директен дуел која екипа ќе го освои првиот пехар сезонава. Ракометарите на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе играат во финалето на завршниот турнир во Купот на Македонија. 

Воедно ова е најава на разврската што нè очекува до крајот на првенството кога повторно двата тим се најблиску до шампионскиот пехар. 

Вардар по голема борба и серија пенали го совлада ланскиот Куп победник Алкалоид со 32:31 во регуларниот дел беше 28:28 . Актуелниот првак Еурофарм Пелистер се намачи во натпреварот со домаќинот Охрид и тешко го скрши отпорот, а славеше со 27:23.

Двата тима се повеќекратни освојувачи на овој трофеј

Вардар е најуспешниот клуб во историјата на македонскиот Куп, со вкупно 16 титули.
Во последното финале во 2023 година, Вардар го совлада Еурофарм Пелистер со 26-25, во драматичен натпревар токму во Охрид. 

Еурофарм Пелистер има богата историја во македонскиот ракомет, со пет освоени Куп титули. Во последното финале во лани, Пелистер загуби од РК Алкалоид по изведување на пенали, откако регуларниот дел заврши 22-22

Кој ќе се радува годинава, останува да видиме по финалниот меч чиј почеток е во 17:30 часот. Натпреварот може да го гледате во ЖИВО на МРТ (овде).